Дома Фудбал Тажна вест од Англија: Почина поранешниот тренер на Лестер

Тажна вест од Англија: Почина поранешниот тренер на Лестер

Тажна вест доаѓа од англискиот фудбал, поранешниот менаџер на Лестер, Крег Шекспир, почина овој четврток по долга борба со ракот.

Шекспир почина на 60-годишна возраст, по деветмесечна битка со опасна болест, потврди неговото семејство и Лестер.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


– Сите од клубот испраќаат сила и поддршка на семејството на Крег – соопшти директорката на Лестер, Сузан Вилан.

Шекспир е најдобро запаметен по тоа што раководеше со Лестер во сезоната после шампионската кога го замени Клаудио Раниери, но не остана долго во 2017 година и покрај тоа што стана првиот англиски тренер кој победил на четири старта во исто толку натпревари во Премиер лигата.

Работеше како асистент во ВБА, Хал, Вотфорд, Астон Вила и Норич, како и во репрезентацијата на Англија, а последен ангажман му беше лани како привремено решение во Лестер по испаѓањето од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед со крената глава заминува од Енфилд🎥

Манчестер Јунајтед одигра храбро на гостувањето кај лидерот Ливерпул, остана непоразен и з…