Дома Топ вести Суперкупот на Шпанија наредните три години во Џеда за – 120 милиони евра!

Суперкупот на Шпанија наредните три години во Џеда за – 120 милиони евра!

Шпанците постигнаа договор за наредните три години.

Ако ви беше потребен нов аргумент дека модерниот фудбал станува се повеќе бизнис, а помалку спорт немојте да го барате. Надлежните органи во Шпанија се договорија со Саудиска Арабија натпреварите од Суперкупот во наредните три години да се играат во Џеда.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Значи, нема да ги гледаат Шпанџи, но добро ќе заработат. Според информациите на радио станицата „КОПА“ која ретко греши Саудијците за привилегијата во живо да ги гледаат Реал, Барса или некој друг клуб ќе плаќаат по 40 милиони евра годишно.

Единствениот услов на Шпанците беше домаќинот да дозволи на натпреварите да присуствуваат и жени што во овој момент не е случај во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лудница во Лондон: Естевао во 96. минута со првенец го израдува Челси (Видео)

Челси извојува драматична победа над Ливерпул со 2-1 на „Стемфорд Бриџ“, благодарение на п…