Дома Фудбал Останато Судија во Србија 22 пати гледаше ВАР снимка за да донесе одлука

Судија во Србија 22 пати гледаше ВАР снимка за да донесе одлука

Спартак и Раднички од Ниш во Суботица го одиграа првото коло српското фудбалско првенство, а конечниот резултат беше 1:1.

Натпреварот го обележи спорна судиска одлука после ВАР интервенција, а истата ќе биде запаметена како една од најтешките одлуки откако во Србија се користи ВАР технологијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се играше 60. Минута кога еден од одбранбените играчи на Спартак ја изби топката, но притоа го нагази играчот на Раднички. Судијата Минаковиќ прво покажа играта да продолжи за потоа да добие повик од ВАР собата, па самиот ја гледаше снимката.

Одлуката Минаковиќ ја донесе дури откако 22 пати ја врати снимката, на крајот досуди пенал.

Видео од таа ситуација можете да погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…