Дома Кошарка Дончиќ му даде 40 на Сакраменто, Лавин порача: Не го ценат доволно!

Дончиќ му даде 40 на Сакраменто, Лавин порача: Не го ценат доволно!

Дончиќ му даде 40 на Сакраменто, Лавин порача: Не го ценат доволно!

Зак Лавин немаше дилема кому да му оддаде признание по поразот на Сакраменто од Лејкерс. Лука Дончиќ постигна 40 поени во победата од 116-103, а противничкиот бек порача дека Словенецот заслужува поголемо признание за она што го прави на теренот.

„Лука е меѓу најталентираните кошаркари на сите времиња. Мислам дека луѓето не му оддаваат доволно признание за тоа колку навистина е добар. Тој е еден од најдобрите стрелци во историјата“, изјави Лавин на прес-конференцијата по натпреварот.

Според Лавин, посебна тешкотија за одбраната е начинот на кој Дончиќ го наметнува сопствениот ритам. Тој ја истакна неговата способност да погодува тешки шутеви и под притисок, но и да создава контакт и да добива судиски одлуки во своја корист.

„Неверојатно е какви шутеви погодува. Практично не можете да му го отежнете шутот. Добива и фаули, но игра во сопствено темпо и самиот го создава контактот. Човекот моментално има просек од 40 поени“, рече бекот на Кингс.

Дончиќ не го отвори мечот шутерски убедливо, но на крајот реализираше 11 од 23 обиди од поле. На 40-те поени додаде девет скока и седум асистенции, а ова му беше петти натпревар сезонава на кој ја достигна границата од 40 поени.

Неговиот точен сезонски просек изнесува 38,5 поени, 8,1 скока и 8,0 асистенции. Со успехот во Сакраменто, Лејкерс стигнаа до биланс од седум победи и два пораза.

Фото: Eurohoops

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ предупредува: За пет до десет години играта на низок пост може да исчезне

По трипл-даблот против Торонто, Јокиќ посочи дека судиите дозволуваат премногу контакт под…