Дома Кошарка Нан со рекордна четвртина го освои Мадрид, Обрадовиќ остана во неверување

Нан со рекордна четвртина го освои Мадрид, Обрадовиќ остана во неверување

Нан со рекордна четвртина го освои Мадрид, Обрадовиќ остана во неверување

Кендрик Нан приреди напаѓачко шоу во Мадрид и со 23 поени во четвртата четвртина постави рекорд во Евролигата. Неговиот Панатинаикос славеше со 115:112 против Реал, но за победата во десеттото коло мораше да оди по подолгиот пат – преку продолжение.

Андрес Фелиз со погодок го спречи гостинскиот триумф во регуларниот дел. Сепак, атинскиот тим го издржа и тој удар, па ја прекина низата од два пораза во Евролигата и во домашното првенство.

По натпреварот, Жељко Обрадовиќ го издвои необичниот пат на Нан до ваква партија. Според тренерот, кошаркарот немал нормални подготовки, а на првиот натпревар настапил по само половина тренинг. Особено го воодушевило тоа што Нан имал повеќе одиграни натпревари отколку одработени тренинзи – нешто со кое претходно не се сретнал.

Обрадовиќ ги нагласи неговата љубов кон кошарката, работната етика и талентот, но предупреди дека враќањето во натпреварувачки ритам бара трпение. Истото, посочи тој, важи и за Слукас и за останатите играчи што биле повредени, особено по пауза од два или три месеци.

Прашањето за претходните два пораза, пак, предизвика поостра реакција. Обрадовиќ не се согласи со оценката дека станува збор за два тешки пораза. Направи разлика меѓу лошото издание против Ефес и поинаквиот натпревар одигран за викендот.

Како главен проблем ги посочи загубените топки. Против Арис, неговиот тим постигнал 91 поен и покрај 20 загубени топки и 12 промашени тројки. За него, тие бројки го покажуваат напаѓачкиот потенцијал, но и просторот во кој мора да има подобрување.

Тренерот објасни дека со екипата веќе работеле преку видеоанализа за да ги намалат грешките. Истовремено, побара подобро користење на брзите напади, особено против противник како Реал, кој одржува високо темпо. За мадридскиот состав имаше и пофалби, оценувајќи дека двата тима имале шанса да стигнат до победата.

Фото: Zafer / Wikimedia Commons, CC BY 4.0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лапровитола со шест тројки до идеалната петорка во Лигата на шампионите

Лапровитола, Нуа, Дифуиди, Чавис и Фриментл се во трката за играч на неделата во кошаркарс…