Луис Суарез на лето ќе биде слободен играч бидејќи му завршува договорот со Атлетико Мадрид.
Без оглед што има 35 години Суарез и понатаму важи за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, па би можел да се врати во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Астон Вила покажува силен интерес за Уругваецот. Таму тренер е Стивен Џерард, кој е добар пријател со Суарез и ќе го убеди да му се приклучи во тимот.
Покрај Астон Вила интерес за Суарез има и од МЛС тимот Интер Мајами, меѓутоа соработката со Џерард изгледа како многу поверојатна опција.