Дома Фудбал Суарез: Ништо не е готово, Валенсија е добра на свој стадион

Суарез: Ништо не е готово, Валенсија е добра на свој стадион

Уругвајскиот напаѓач од редовите на Барселона, Луис Суарез по синоќешната победа против Валенсија порача дека сеуште ништо не е готово.

Барселона потешко од што се очекуваше ја победи Валенсија со минимални 1:0 и се уште не го осигура пласманот во финале, а истото го мисли и стрелецот на единствениот погодок Луис Суарез.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Во прашање е минимална предност, пред нас се уште 90 минути игра. Валенсија е секогаш силна кога игра дома, а тоа посебно ќе биде случај на така важен натпревар.“ – изјави Суарез по натпреварот.

Реванш натпреварот се игра за шест дена на Месталја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…