Дома Фудбал Суарез: Нејмар погреши што ја напушти Барса, го послуша семејството

Суарез: Нејмар погреши што ја напушти Барса, го послуша семејството

Поранешниот голгетер на Барселона, Луис Суарез зборуваше за моментот кога Нејмар одлучи да се пресели во Пари Сент Жермен.

Во јуни 2017 година Бразилецот се пресели во ПСЖ за рекорден трансфер, а тоа беше крај на триото „МСН“, кое и донесе големи успеси на Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Суарез сега тврди дека ако Нејмар останел на „Камп Ноу“ сигурно ќе ја освоел „Златната топка“.

„Пред да замине во ПСЖ, му реков на Нејмар „ако сакаш да освојуваш повеќе трофеи, остани со мене и со Лео“ Во тој момент Меси беше најдобар на светот, а Нејмар беше втор најдобар веднаш зад него. Беше подготвен да ме слуша мене и Меси и сакаше да остане. Ние како пријатели го советувавме да остане, но неговото семејство реши да ја напушти Барселона “, изјави Суарез.

„Ако Нејмар останеше во Барселона тој сигуно ќе ја освоеше „Златната топка“. Едноставно сум сигурен во тоа“, додаде Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…