Веќе подолго време медиумите шпекулираат за трансферот на Антоан Гризман во Барселона и фактот дека Каталонците се спремни да ја платат откупната клаузула за Французинот.
Во интервју за уругвајското радио „Ринкон“ Луис Суарез истакан дека нема ништо против Гризман да пристигне на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Горд сум кога гледам дека во нашиот тим пристигнуваат квалитетни фудбалер како што Антоан, исто како што беа Дембеле и Кутињо. Гризман е играч кој носи огромен квалитет и прави разлика бидејќи веќе со години игра високо ниво. Тој е клучен играч на Атлетико Мадрид“, изјави Суарез, а пренесува ургувајското радио „Ринкон“.
Сепак Ургуваецот порача и дека нема да го отстапи местото во тимот.
„Тој не доаѓа да го земе моето или некое друго место во тимот, туку за да освојува трофеи и постигнува големи работи. Ќе биде добродојден во нашиот тим“, заврши Суарез.
Откупната клазула на Гризман изнесува 100 милиони евра, а според медиумите во Каталонија Гризман веќе и си го избрал дресот со број седум.