Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез нема намера да се врати во Премиер лигата затоа што би му било тешко да игра против Ливерпул.
Суарез на „Енфилд“ помина четири сезони. Во црвениот дрес одигра 133 натпревари и постигна 82 гола.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Би ми било тешко да играм за друг клуб во Англија. Имав и се надевам дека уште имам добар однос со навивачите на Ливерпул, би ми било чудно да бидеме на спротивна страна“.
Суарез оваа сезона со Атлетико Мадрид ја освои титулата во Шпанија. На „Ванда Метрополитано“ Уругваецот пристигна од Барселона минатото лето.
„Кога ќе помислам колку добро се вклопив и колкава доверба имам кај тренерот, многу ми е лесно да кажам дека ја донесов правилната одлука. Уживам сега овде, нема потреба да зборуваме за потенцијално заминување“, изјави Суарез.