Страшен судир се случи вчера на трката во Формула Регионал која се возеше во Монца.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ова беше последна трка во сезоната и беше обележана со неверојатен судар во кој учествуваа двајца возачи на екипата на Прем, Дино Бегановиќ и Давид Видалес. Бегановиќ имаше водство во трката, а тогаш Видалес се обиде да го престигне.




Беше јасно дека Бегановиќ го затвори аголот, па Видалес излезе од патеката за потоа да наиде на еден раб преку кој се обиде да се врати и тогаш настана хаосот. Неговиот болид буквално се крена во воздух со предниот дел и се удро во неговиот тимски колега.
На крајот екипата на Прем од сигурно водство остана без бодови.