Дома Останати Авто Мото Ред Бул ќе се жали на одлуката за казната на Хамилтон

Ред Бул ќе се жали на одлуката за казната на Хамилтон

Раководството на Ред Бул размислува дали да се жали на одлуката за казната на Луис Хамилтон од Мерцедес по инцидентот со Макс Ферстапен на трката за Големата награда на Велика Британија.

По судирот на Силверстон, Хамилтон беше казнет само со 10 секунди додека неговиот ривал мораше да се откаже од трката зашто му беше здробен болидот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хамилтон го искористи тоа и ја намали разликата со Ферстапен од 33 на само осум бодови, а исто така Мерцедес сега има само три бодови помалку од Ред Бул.

Поради тоа во Ред Бул размислуваат да се жалат на одлуката за казна на Хамилтон за која веруваат дека требало да биде поголема.

„Имаме докази и потреба за такво нешто. Ќе ја разгледаме ситуацијата, па ќе видиме дали ќе поднесеме жалба“, кажа директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ферстапен доби јасна порака од Мерцедес, сега е тој на потег!

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волфс зборуваше за потенцијалната замена за Луис Хамилтон к…