Шампионот на Италија покажуваше интерес и минатото лето, но познати односите на Џузепе Марота (спортскиот директор на Јувентус) со Клаудио Лотито (спортскиот директор на Лацио).
Италијанските медиуми денес пишуваат дека Јувентус се откажал од намерата да го доведе Сергеј Милинковиќ Савиќ. Причината е јасна, „дамата“ е спремна да понуди најмногу 60 милиони евра, додека Клаудио Лотито не сака ниту да слушне за понуда пониска од 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Лацио што поради заледниот однос на двата директори, што поради фактот што за Сергеј идното лето сигурно ќе се појави нов купувач не сакаат да ја спуштат цената.
Наводно клубот од Торино добил порака дека на лето од Реал Мадрид, Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер Сити или Манчестер Јунајтед, клубови кои во медиумите се поврзуваа со Србинот би можеле да ги добијат посакуваните 100 милиони евра.
Покрај тоа се наведува дека Лотито на Марота му порачал дека неговиот Сергеј вреди повеќе од Пол Погба кој пред неколку години го напушти Јувентус и се пресели во Јунјатед за тогаш рекордни 105 милиони евра.