Дефнаизецот на Јувентус, Мехди Бенатија наводно е одлучен во намерата што побрзо да го промени клубот.
Мароканецот не е задоволен од минутажта која ја има во Торино и според информациите побарал трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бенатија во Јувентус пристигна во 2016 година од Баерн Минхен, но не успеа да се избори за место во стартниот тим на Јувентус. Првата сезона во Торино настапуваше како позајмен фудбалер, за потоа неговиот договор „старата дама“ да го откупи за 20 милиони евра.
Интерес за Бенатија и тоа како постои. За неговите услуги се распрашувале Шалке, Милан и Арсенал.
Меѓутоа, Бенатија бил изненаден од одлуката на неговиот клуб да ги одбие понудите.
Мароканецот има договор со Јувентус до летото 2020 година, а пред неколку недели побарал да биде ставен на трансфер листата. Иако изгледаше дека нема да има проблеми околу неговото заминување, на никого не му е јасно зошто Јувентус не сака да го продаде 31 годишниот дефанзивец.
https://www.youtube.com/watch?v=qUnJu65F2pk