Maкедонскиот голман Столе Димитриевски завршува уште една одлична сезона на голот на Рајо за кој во вчерашниот натпревар и испиша нова историја.
Имено, Димитриевски стана голманот со најмногу настапи во дресот на овој клуб. Натпреварот против Гранада за Димитриевски беше 190 со што го остави зад себе Вилфред Агбонавабре (189).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На третото место на оваа вечна листа е Педро Валентин Мора со 168 настапи. До крајот на сезоната Димитриевски ќе го подобри рекордот за уште некој натпревар, но не е сигурно дека и наредната сезона ќе го чува голот на Рајо бидејќи има интерес од повеќе клубови.
Сезонава во Ла Лига Димитриевски остана несовладан на 14 натпревари.
💫🔝 Stole Dimitrievski supera a Wilfred Agbonavbare.
— 𝐒𝐞𝐫𝐠𝐢𝐨 𝐍𝐚𝐯𝐚 (@sergionavaaaa) May 15, 2024
🧤⚡️ Se convierte en el portero con más partidos en la historia del Rayo Vallecano tras el choque frente al Granada.
🥇 Dimitrievski (190)
🥈 Willy (189)
🥉 Pedro Valentín Mora (168) pic.twitter.com/DmFSRmPH6s