Македонската фудбалска репрезентација утре го игра натпреварот против Лихтенштајн во рамки од квалификациите за Светското првенство.




На денешната прес-конференција пред натпреварот селекторот на Лихтенштајн, Мартин Стокласа испрати пофалби за нашата репрезентација.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Ќе биде многу тешко да ја победиме Македонија бидејќи таа селекција покажа дека може да биде многу конкурентна и против многу посилни репрезентации. Треба да се бориме силно од првата минута, исто како и против Романија во Букурешт. Од првата минута, од голманот до напаѓачот сите треба да бидат на максимално ниво во текот на целиот натпревар“.




„Нашите фудбалери се во добра форма, а имаме и неколкумина млади фудбалери кои можеби ќе добијат шанса. Ја анализиравме нивната игра на претходните три натпревари. Македонија има одлични фудбалери, Алиоски, Елмас…фаворити се, но наше е да изиграме и да се надеваме на нов позитивен резултат“, изјави Стокласа.




Натпреварот против Лихтенштајн го играме утре од 20:45 часот.