Дома Топ вести Стигна потврда: Погба го напушта Манчестер Јунајтед

Стигна потврда: Погба го напушта Манчестер Јунајтед

Тоа што се најавуваше подолго време сега доби официјална потврда, Пол Погба го напушта Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната.

Договорот на Погба со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, а Рангник потврди дека Французинот нема да ја продолжи соработката.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Во моментов ситуацијата е таква што Погба нема да го продолжи договорот. Веројатно нема да биде тука следната сезона“, изјави Рангник .

Германскиот специјалист изјави и дека Погба сигурно ќе го пропушти дербито со Арсенал и нема да биде изненадување доколку не учествува на ниту еден натпревар до крајот на сезоната.

29-годишниот Французин беше купен за 100 милиони евра од Јувентус во 2016 година, но не ги оправда големите очекувања, па сега како слободен агент ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ се борат за неговиот потпис и веќе ги почнаа преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…