Дома Топ вести Стигна ПОТВРДА: Интер преговара со најбарниот Јужноамериканец, позната и сумата која мораат да ја платат!

Стигна ПОТВРДА: Интер преговара со најбарниот Јужноамериканец, позната и сумата која мораат да ја платат!

Тимот на Интер после фантастичниот старт во италијанското првенство на последните три натпревари како да заборави да победува, па поради тоа тренерот Лучијано Спалети смета дека под итно му се потребни засилувања во средниот ред.

Управата на бразилски Гремио потврди дека Интер ги контактирал и се распрашувал за Артур Мелo, фудбалерот од средината за кого бараат 50 милиони евра и за кого претходни интерес покажаа Челзи и Реал Мадрид.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


21 годишниот Артур е еден од најголемите таленти во Јужна Америка оваа година, а во последните месеци се најде на врвот на желбите на европските клубови.

„Артур неодамна потпиша нов договор и во договорот има клазула од 50 милиони евра. Доколку  стигне понуда од 25-30 милиони евра, Артур сигурно нема да замине. Во медиумите прочитав дека Челзи и Реал Мадрид се заинтересирани, но јас можам да потврдам дека единствениот клуб кој не контактираше е Интер“, изјави потпретседателот на Гремио, Одорико Роман.

Артур во Бразил го доби прекарот “бразилскиот Иниеста“, а за Гремио оваа сезона на 45 натпревари постигна девет погодоци и запиша исто толку асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…