Дома Фудбал Останато Стигна и официјална потврда: Верати го продолжи договорот со ПСЖ

Стигна и официјална потврда: Верати го продолжи договорот со ПСЖ

Она што се најавуваше претходно вечерва доби официјална потврда – Верати потпиша нов договор со ПСЖ.

Верати, кој во ПСЖ пристинга во 2012. година се смета за еден од најдобрите фудбалери на овој француски гигант и затоа богатиот сопственик направи се само да го задржи во Париз. Италијанецот имаше досегашен договор кој истекуваше за две години, а сега беше продолжен до 2024 година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Потсетуваме, изминатите години Верати се поврзуваше со трансфер во Барселона, но ПСЖ сепак успеа да го задржи и тој сигурно во следните години повторно ќе биде еден од најважните играчи и вистински лидер на средниот ред. 26-годишниот фудбалер во актуелната сезона одигра 13 натпревари и запиша две асистенции.

Неговата сегашна вредност на пазарот се проценува на 75 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски размислува за пензија по завршувањето на сезоната?

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ пристигнува до таа точка во кариерата каде што големите голгетери самит…