Новото засилување на Челзи, Рахим Стерлинг откри зошто решил да го напушти Манчестер Сити ова лето.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Стерлинг призна дека почуствувал дека го губи времето во Манчестер Сити и одлучил да се пресели во тимот на Томас Тухел.




„Трансферот се случи бидејќи имав многу ограничена минутажа во Сити и не можев повеќе да си го дозволам тоа. Затоа имав потреба да преминам во друг клуб. Се обидов да се борам да ја променам ситуацијата, но не успеав“, изјави Стерлинг.




„Челзи е секогаш се бори за врвот и за важни трофеи. Покажа дека има јак тим и сега се развива во секоја смисла. Ова е идеален клуб за мене, веќе имам 27 години и точно ги знам своите квалитети“, додаде Стерлинг.