Дома Фудбал Статистиката покажа кој е главен виновник за „падот“ на Реал Мадрид

Статистиката покажа кој е главен виновник за „падот“ на Реал Мадрид

Резултатите на Реал Мадрид оваа сезона се далеку под очекувањата, што резултираше и со смена на кормилото.

Покрај заминувањето на Роналдо, Реал го задржа „костирот“ на тимот што освои три титули со ред во Лигата на шампиони, а оваа сезона „кралскиот“ клуб веќе запиша 7 порази, што е навистина премногу за таков тим.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Статистиката го посочи човекот кој е најголем виновник за лошите резултати, а тоа е Рафаен Варан.

Францускиот стопер и еден од кандидатите за „Златна топка“ оваа сезона одигра 14 натпревари, а скорот на Реал е пет победи, две ремија и седум порази. Значи Реал сите порази оваа сезона го доживеа кога Варан беше на теренот (пет во Примера, еден во ЛШ и еден во Суперкупот)

Варан не играше на пет натпревари, а што е уште поинтересно, „кралевите“ победија на сите пет меча без него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…