Дома Фудбал Италија Статистиката вели: Роналдо е најлош изведувач на слободни удари

Статистиката вели: Роналдо е најлош изведувач на слободни удари

Јувентус синоќа ја совлада Специја со 3:0, а еден од головите го постигна Кристиано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите во Италија денес пишуваат за слободниот удар кој го изведе Роналдо.

Португалецот некогаш беше еден од најдобрите изведувачи на слободен удар, но неговата статистика откако е во Јувентус е ужасна.

Имено, од неговото доаѓање во Јувентус Роналдо изведе дури 67 слободни удари, а постигна само еден гол. Дури 44 пати топката завршувала во живиот ѕид.

Во две и пол години Роналдо постигнал само еден гол од слободен удар, статистика што го прави најлош изведувач на слободни удари.

Сепак, Роналдо може да ја поправи оваа статистика во иднина, бидејќи сигурно ќе продолжи да ги изведува слободните удари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најубавата фудбалерка на светот беше запросена од своето момче

Репрезентативката на Швајцарија и фудбалерката на Лестер, Алиша Леман, која многумина ја с…