Дома Останати Кошарка Српски кошаркар остана без бубрег: Лоши вести за состојбата на Симаниќ на Мундобаскетот

Српски кошаркар остана без бубрег: Лоши вести за состојбата на Симаниќ на Мундобаскетот

Српските кошаркари се подготвуваат за големото четврт-финале на Светското првенство. Во вторник играат против Литванија, но пред натпреварот националниот тим е тешко потресен.

Имено, српскиот кошаркар Бориша Симаниќ доби силен удар со лакт во пределот на бубрегот. Поради силни болки мораше да ја напушти играта. 

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Симаниќ заврши на операција и сите мислеа дека најлошото помина, но шокот допрва стигна. Српскиот кошаркар мораше да оди на втора операција при што остана без бубрег.

„Вчера Симаниќ беше опериран. Откако беше опериран за прв пат ноќта меѓу 30 и 31 август, лекарите го следеа неговото закрепнување и одлучија дека поради компликации е неопходна нова операција“, соопштија од Српскиот кошаркарски сојуз. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Натпревар на годината: Атомска кошарка на Јокиќ и „бруталниот“ Вембањама – еве ги најдобрите моменти (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Сан Антонио Спарс со резултат 136:134 во саботата…