Дома Фудбал Репрезентации Србија ќе ја води поранешниот селектор на Франција?

Србија ќе ја води поранешниот селектор на Франција?

Oвие денови многу се пишува за тоа кој би можел да биде новиот селектор на Србија.

Се пишуваше дека Србите селекторското место му го понудиле на Арсен Венгер, а сега спрски „Курир“ објави дека нова опција е поранешниот селектор на Франција, Рајмонд Доменек.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доменек ја водеше репрезентацијата на Франција од 2004 до 2010 година, а најголемиот успех го направи во 2006 година кога со оваа селекција стигна до финалето на СП. Франција во тоа финале беше поразена од Итаија на пенали.

Дека нешто веројатно се случува покажува и изјавата на Доменек во која зборува дека Србија има потенцијал и дека заслужува подобро место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…