Дома Македонски спорт Спортскиот директор на Рајо најави останување на Димитриевски

Спортскиот директор на Рајо најави останување на Димитриевски

Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски како што стојат работите може да остане во редовите на Рајо Ваљекано.

Во претходниот период се најавуваше заминување на Димитриевски, посебно по пристигнувањето на 40-годишниот Диего Лопез. Меѓутоа изледа дека Лоез е доведен како резервна варијанта, а Димитриевски ќе биде прв избор помеѓу стативите.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Медиумите пишуваа дека Рајо може да го ангажира хрватскиот голман Иво Грбиќ, меѓутоа тие информации беа демантирани од спортскиот директор на Рајо, Давид Кобено.

„Не. Завршивме со голмани, нема да доведуваме нови во овој преоден рок“, изјави Кобено.

Тоа што Рајо нема да доведува нови голмани, веројатно е и потврда за останувањето на Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…