По осминафиналето од Купот на Италија против Кремонезе, во кој неговата Рома победи со 2:1, Жозе Мурињо најави ексклузива за следниот четврток.
Рома со пресврт во вториот дел победи и се пласираше во четврт-финалето од Купот на Италија каде за противник ќе го има градскиот ривал Лацио.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кога заврши натпреварот, Мурињо имаше „пресметка“ со поранешниот играч на Јувентус и Наполи, Масимо Мауро, кому реши да му се обрати затоа што неодамна го прозва, а потоа на прес-конференција најави во свој стил – документарец за себе.
Тој рече дека за него ќе се снима нов „џиновски документарец на Нетфликс“.
„Гигантен документарец за мене ќе биде објавен на Нетфликс во четврток. Има работи што ќе се знаат само таму и тогаш ќе знаете дека сум тотален лудак.
Документарецот за Жозе Мурињо ќе биде објавен следната недела. Терминот за премиера е четврток, 11 јануари, ден по дербито на Копа Италија. Тренерот на прес-конференцијата изјави дека одбил важни понуди пред да потпише со Рома.