Дома Фудбал Италија Спалети: Натпреварот против Сасуоло за нас е како полуфинале

Спалети: Натпреварот против Сасуоло за нас е како полуфинале

Фудбалерите на Интер утре на „Џузепе Меаца“ во рамките од 37 коло во Серија А ќе играат против тимот на Сасуоло.

„Нероаѕурите“ во италијанското првенство се наоѓаат на петата позиција и се борат за местото кое води во Лигата на шампионите, а следната препрека е натпреварот против Сасуоло, кој Спалети го опиша како полуфинале.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Играчите на тренингот работат максимално, а тоа е знак дека нивниот фокус е ставен само на следниот натпревар против Сасуоло. Тој натпревар е како полуфинале за нас. Ова беше долга сезона и сега пред нас е еден вид полуфинале кое може да не доведе во позиција да играме финале против Лацио“, изјави Спалети.

На две кола пред крајот Интер има два бода помалку од четвртопласираниот Лацио, а доколку двата клуба слават за викендот, патникот во Лигата на шампионите ќе го добиеме по нивниот директен дуел во последното коло на „Олимпико“.

Натпреварот помеѓу Интер и Сасуоло се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Возачот на Џошуа за време на несреќата може да заврши во затвор!

Возачот кој го управувал возилото во несреќата на Ентони Џошуа ќе биде обвинет и му се зак…