Дома Останати Тенис Сопругата на Ноле пресреќна: Во Скопје не пречекаа како охридски бисери!

Сопругата на Ноле пресреќна: Во Скопје не пречекаа како охридски бисери!

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена вчера беше во Скопје каде што го промовираше работењето на „фондацијата Новак Ѓоковиќ“.

Јелена од македонската престолнина си заминува со преубави спомени и најави дека наскоро повторно ќе ја посети на Македонија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Преубави моменти со фондацијата во Скопје. Нѐ чуваа како охридски бисери! Ќе се вратиме по уште поголема доза на љубов, како за вас, така и за нас. Македонија, благодарам од срце за така убавиот дочек и љубов“, објави Јелена на нејзиниот Инстаграм профил.

Инаку, нејзиниот сопруг, Новак Ѓоковиќ во минатото често пати најавуваше дека сака да дојде во Македонија, посебно во Охрид, но и да одигра меч против најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер откри без што не може да се замисли: Подобро една недела без тенис (Видео)

Јаник Синер за време на Ју-Ес Опен потпиша договор со нов спонзор. „Експлора патувања“ ќе …