Избраниците на селекторот Благоја Милевски го постигнаа најголемиот успех во македонскиот фудбал и се пласираа на Европското првенство за играчи до 21 година, кое наредната година ќе се одржи во Полска.
Младата македонска репрезентација ја совлада Шкотска со 2-0, а благодарение на победата на Украина на Исланд со 4-2, прв пат во историјата едена макеоднска фудбалска селекција ќе игра во завршницата на едно Европско првенство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Свесни за важноста на натпреварот, избраниците на селекторот Милевски, од стартот ја презедоа контролата врз играта, а одличниот шкотски голман прв пат капитулираше во 17-та минута кога Марковски постигна гол.
Пет минути подоцна со одличен удар од 18 метри, водството на Македонија го зглеми Барди. Фуриозната игра во првиот дел можеше да биде наградена со уште некој гол, а најголемата можност ја пропушти Бабунски, кој во финишот на полуврмето не реализираше пенал.
Македонија натпреварите во Групата 3 ги заврши со шест победи, три нерешени и еден пораз, освои вкупно 21 бод со гол разлика 13:7.