Дома Фудбал Англија Солскјер стана првиот тренер на Јунајтед со шест победи на деби натпреварите

Солскјер стана првиот тренер на Јунајтед со шест победи на деби натпреварите

Норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјер вчера оствари нова победа на клупата на Црвените ѓаволи.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед овој пат беа подобри на гостувањето против Тотенхем со 1:0, а ова беше шеста победа во низа за Норвежанецот на клупата на клубот од Олд Трафорд.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Пред Тотенхем, Јунајтед ги победи Кардиф, Хадерсфилд, Борнмут, Њукасл и Рединг.

Солскјер на овој начин стана првиот тренер во историјата на славниот англиски клуб кој стартувал со шест победи во низа.

Инаку, во наредното коло Црвените ѓаволи го пречекуваат Брајтон па секако се очекува и седмата победа, доколку не се случи некое големо изненадување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…