Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба следната недела ќе се врати на терените, потврди менаџерот Оле Гунер Солскјер.
26-годишниот Французин започна со тренинзи, но сигурнп ќе го пропушти големото градско дерби против Манчестер Сити на 8 март. Сепак, најверојатен датум за играчот да се врати на теренот е 15 март, за натпреварот од 30-то коло против Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Погба се уште работи на физичката припрема. Нема да почне да тренира со тимот до почетокот на следната недела. После тоа, кога ќе ја врати кондицијата ќе биде спремен за игра“, потврди Солскјер.
Оваа сезона Погба запиша само 7 настапи во Премиер лигата во кои оствари две асистенции, а причина за тоа беше повредата на глуждот.