Дома Трансфер зона Солскјер купува 16-годишен „вундеркинд“ од Бирмингем

Солскјер купува 16-годишен „вундеркинд“ од Бирмингем

Манчестер Јунајтед ќе биде активен на трансфер пазарот во јануари, па покрај Бруно Фернандеш е на добар пат да обезбеди и засилување за иднината.

Медиумите на Островот пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ испратиле понуда од 12,5 милиони фунти за „вундеркиндот“ од Бирмингем, Џуд Белингам.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако има смао 16 години тој веќе запиша 23 настапи за Бирмингем, а моментално е на списокот на репрезентацијата на Англија до 19 години.

Белингам важи за еден од најголемите таленти на Островот, го следат сите англиски гиганти, па Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.

Понудата од 12,5 милиони фунти вклучува и обештетување и соодветни бонуси, зависно од тоа како Белингем ќе се развива понатаму и ќе напредува. Меѓутоа, агентите на самиот играч не брзаат за трансфер и сакаат играчот да се развива во Бирмингем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…