Дома Фудбал Англија Солскјер заработува повеќе од Јирген Клоп

Солскјер заработува повеќе од Јирген Клоп

Иако го издигна Ливерпул на највисоко ниво, Јирген Клоп не е меѓу трите најплатени менаџери во Премиер лигата.

Најплатен менаџер, воедно и првак во Англија e Пеп Гвардиола, кој на Етихад годишно заработува 15 милиони фунти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Зад Гвардиола на листата е финалистот во ЛШ и човекот кој е навистина фантастичен во клупата на Тотенхем, Маурисио Покетино, а неговата годишна плата изнесува 8.5 милиони фунти.

На трето место е Оле Гунар Солскјер, кој наплатува 7.5 милиони годишно иако неговиот Јунајтед остана без пласман во ЛШ, а вицепрвакот на Англија и финалистот во ЛШ, Јирген Клоп заработува 7 милиони годишно.

Унаи Емери, менаџерот на Арсенал е на петото место со шест милиони, додека шести е Сари со годишна плата од 5.15 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новата сезона на Лигата на шампионите започнува денес

Денес започнува новата сезона на Лигата на шампионите, а ќе заврши на 30 мај 2026 година с…