Стратегот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер одговараше на прашања од навивачите на скандинавскиот форум.
Солскјер не беше краток и прилично долги образложенија на неговите одговори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвежанецот го препороди Јунајтед, „црвените ѓаволи“ играат како во транс по негово водство и се уште не знаат за пораз. Пред тој да дојде никој не очекуваше Манчестер Јунајтед да влезе во борба за топ 4, но сега после низата перфектни резултати таа позиција е реалност.
До крајот на овој месец Јунајтед го чекаат три тешки натпревари против ПСЖ, Челзи и Ливерпул, а Солскјер како што порача веќе знае со кој тим ќе излезе на овие средби. Планирањето однапред е една од работите која ја научил од Сер Алекс Фергусон
„Од мојот ментор големиот Сер Алекс научив дека работите секогаш треба да ги планирате однапред. Така јас веќе знам кој ќе биде мојот тим за цел месец, за сите три тешки натпревари кои не очекуваат. Секако, ја следам формата на играчите, но горе-долу веќе го знам тимот“, изјави Солскјер.