Дома Фудбал Англија Солскјер во завршни преговори со уште еден одличен дефанзивец

Солскјер во завршни преговори со уште еден одличен дефанзивец

Иако не успеа да обезбеди пласман во ЛШ, Манчестер Јунајтед прави силна екипа за наредната сезона.

Се уште не е позната судбината на Пол Погба, но нормално и во случај на продажба има неколку алтернативи за него.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сепак, се чини дека Солскјер најпрвин сака добро да ја засили одбраната, па после доаѓањето на Ван Бисака во Јунајтед ќе пристигне уште еден дефанзивец.

Како што јавува Скај Спорт, Јунајтед веќе некое време преговара со Лестер за Мегваер, а преговорите наводно сега се во завршна фаза.

Иако самиот играч преферираше трансфер во Манчестер Сити, екипата која од клупата ја предводи Пеп Гвардиола не е спремна да ја плати бараната сума за неговиот потпис.

Но, за тоа е спремен Јунајтед, кој за услугите на овој одличен дефанзивец мора да издвојат 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Жесток удар за Модриќ – ќе остане без „десетката“, а веќе е одлучено кој ќе ја носи

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, наводно му го понуди легендарниот број на играч к…