Дома Фудбал Англија Солскјер: Веќе ја планирам следната сезона на Манчестер Јунајтед!

Солскјер: Веќе ја планирам следната сезона на Манчестер Јунајтед!

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер потврди дека постои можност да остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона.

Со доаѓањето на Норвежанецот „црвените ѓаволи“ влегова во фантастична серија од осум победи и сигурно сакаат таа да продолжи и против Барнли во 24-то коло од Премиер лигата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Јас сум тука за да го подготвам тимот и за следната сезона, без разлика дали ќе останам или не. Преминот од младиот во првиот тим е доста тежок за младите играчи. Но Лингард и Рашфорд треба да им бидат пример на младите фудбалери од академијата“, истакна Солскјер, а потоа го прокоментира следниот натпревар против Барнли.

„Знаеме дека ќе играме против тим кој игра многу добро. Тие можат да му создадат проблеми на секого бидејќи имаат одлични физички квалитети. Но, ние сме Манчестер Јунајтед и секогаш одиме на победа“, заклучи Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …