Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека неговиот тим не може да игра како големиот ривал Манчестер Сити.
„Црвените ѓаволи“ во 19. коло остварија победа против Њукасл (4:1) и така се вратија во победнички ритам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во овој момент не можеме да играме како Сити, но можеме да играме со многу повеќе енергија. Мораме да покажеме несебичност, енергија и брзина, тоа е начинот на кој треба да играме за да се обидеме да дојдеме до нови победи“, изјави Солскјер.
Норвешкито стратег верува дека неговиот тим ќе обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона.
„Треба да го обезбедиме четвртото место пред самата завршницата, но може да одлучува последнниот натпревар. Веќе кажав дека имаме млад тим и дека големи очекувања ќе имаме наредната година, а не сега“, порача стратегот на „црвените ѓаволи“.
Во овој момент Јунајтед се наоѓа на седмото место на табелата со 28 бодови.