Катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Турција однесе засега над 4.000 животи, а помеѓу настраданите има и спортисти.
Затрупан под урнатините почина голманот на Малатијаспор, Ахмед Ејуп Туркаслан, таква судбина имал среќа да избегне неговиот соиграч 33-годишниот бек Барис Басдас. Турскиот фудбалер кој е роден во Германија од 2009 година наваму само една сезона не беше дел од турскиот фудбал, таа сезона ја помина во германски Хановер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бадсас се спасил така што скокнал од терасата, иако било прилично високо. При падот потешко ја повредил ногата, но успеал да избегне трагедија и да преживее.
Потресно звучи изјавата која Дамир Ибриќ, директорот на Малатијаспор ја даде за турските медиуми во текот на вчерашниот ден.
„Мене ми настрадаа лигаментите, Барис тешко ја повреди ногата, а сега го бараме Ејуп, еве сме во неговата заграда“.
Токму во таа заграда го пронашле безживотното тело на голманот. Кариерата на Басдас веројатно завршува со ваквата повреда, меѓутоа во Турција сега најмалку се мисли на фудбал.