Баерн Минхен од следната сезона ќе биде посилен за Бенџамин Павар и Лукас Ернандез во дефанзивната линија што нзачи дека ќе мора да продаде некој од одбранбените играчи, а на излезни врати е Жером Боатенг.
Штефан Ефенберг, поранешниот фудбалер на Баерн и репрезентативец на Германија денес работи како колумнист во германски портал. Во својата последна колумна која ја пишуваше за Борусија Дортмунд даде свое мислење за реконструкцијата која овој тим според него треба да ја спроведе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според негово мислење за да бидат кандидати за титулата Борусија мора да доведе барем еден искусен и сигурен стопер. Како идеално решение Ефенберг им го предложува Боатенг кој е на излезни врати од Минхен.
„Дортмунд е единствениот клуб во Бундес лигата кој би бил идеален за него. Би им препорачал да го купот. Тој за нив би бил одлично решение. Со него Борусија може да се бори за титулата, веројатно и да ја освои“, стои во колумната на Ефенберг.
Досега интерес за Боатенг покажаа Пари Сен Жермен и Интер, а цената на овој играч би требало да биде околу 30 милиони евра.