Антоан Гризман дефинитивно ќе го напушти Атлетико Мадрид, а најголем фаворит за неговиот потпис е каталонскиот гигант Барселона.
Гризман минатата година ја одби Барселона, но се покаа, па ова лето најверојатно ќе се пресели на „Камп Ноу“. Меѓутоа, не се сите воодушевени што ќе пристигна одличниот Французин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањето на каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, голем дел од играчите на Барселона сметаат дека Гризман е „разгалено дете“ и поради тоа не го сакаат во соблекувалната, иако Меси има голема желба да игра со Гризман.
Минатата година Гризман долго време се двоумеше, но на крајот остана во Атлетико, потпиша нов договор со клаузула од 120 милиони евра
Поради тоа играчите на Барселона не го сакаат Французинот во нивниот тим, а сериозен интерес за Гризман покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.