![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2019/03/ronaldo03.16-850x491.jpg)
Кристиано Роналдо е вистинска машина за голови. Таму каде што застана во Реал Мадрид, продолжи оваа сезона во Јувентус.
Дел од фудбалската јавност на Роналдо му замерува затоа што голем број од своите погодоци ги постигнува од белата топка и дека често пати само ја погодува мрежата откако соиграчите ќе го завршат поголемиот дел од работата.
Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓
Меѓутоа, не е лесно да се најдеш во ситуација за гол. Потребно е чуство и одлично движење без топка.
Сега на социјалните мрежи се појави едно видео на движења на Роналдо без топка и тоа јасно покажува дека Португалецот секое движење добро го планира и токму затоа често пати влегува во сериозна шанса за гол.
Роналдо прави исклучително интелигентни потези кога е без топка, што е нешто кое многумина него забележуваат затоа што сепак головите се во фокусот.
Едноставно Роналдо има способност да ги измами дефанзивците со своите движења.
Роналдо оваа сезона во Јувентус одигра 36 натпревари, постигна 24 гола и запиша 12 асистенции.
Cristiano Ronaldo – Attributes analysis
– Off the ball movement pic.twitter.com/emnhZgy8Zv
— Diego (@Ronaldocomps7) March 27, 2019