Дома Фудбал Италија Со обвинувањата на Роналдо, губи и Јувентус!

Со обвинувањата на Роналдо, губи и Јувентус!

ronaldo

Aкциите на торински Јувентус утрово паднаа за повеќе проценти, причина за тоа е обвинувањата за силување на првата ѕвезда на тимот Кристиано Роналдо.

Португалецот е осоминчен дека во летото 2009 година во Лас Вегас ја силувал Кетрин Мајорга која во претходните денови изнесе тешки обвинувања на сметка на ѕвездата на Јувентус.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Поради овие обвинувања многу губи и клубот од Торино. Утрово е забележан пад на берзата од дури 5.37%, што е голем процент.

И самиот Роналдо е во големи проблеми бидејќи доколку се докажат обвинувањата може да остане без главните спонзори („ЕА Спортс“ и „Најк“) кои сега го чекаат расплетот на ситуацијата. Во меѓувреме Португалецот беше отстранет од насловните фотографии на официјалните профили на ФИФА 19 на друштвените мрежи.

Во текот на вчерашниот ден се огласија и од Јувентус кој во застана во одбрана на својот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…