Дома Фудбал Италија Случај Дибала: Виолината не може да дава прекрасна музика ако нема добар гудач

Случај Дибала: Виолината не може да дава прекрасна музика ако нема добар гудач

Братот на Паоло Дибала испрати порака до Јувентус.

Дибала во вчерашниот натпревар на Фиорентина не беше стартер, а за работата да биде полоша Аргентинецот не ни доби минутажа, цел натпревар го помина на клупата за резерви.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус во тој натпревар одигра само 0:0, па малку и зачудува тоа што Дибала не доби прилика кога „старата дама“ одеше на три бода.

После вчерашниот натпревар братот на Дибала, Густаво кој е и негов агент испрати порака до Јувентус и Маурицио Сари.

Густаво на неговиот Твитер профил напиша:

„Виолината не може да дава прекрасна музика ако и недостасува гудач“, објави Густаво на Твитер профилот.

Навивачите посебно очекуваа Дибала да добие шанса кога Даглас Коста се повреди, но Сари не се одлучи Коста да го замени со Аргентинецот.

Јасно е дека Дибала беше незадоволен од таквата одлука на Сари, а тоа најдобро може да се види и по една фотографија која се појави на социјалните мрежи.

Во текот на летото Дибала многу се поврзуваше со заминување од Јувентус. Прво во игра беше трансфер во Премиер лигата каде што најсериозни кандидати за неговиот потпис беа Тотенхем и Манчестер Јунајтед, потоа се споменуваше ПСЖ, но на крајот Дибала остана во Торино, сепак ако нешто не се промени можеме да очекуваме да замине уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…