Дома Фудбал Англија Сколс: Сериозни европски тимови ќе го „растурат“ Јунајтед

Сколс: Сериозни европски тимови ќе го „растурат“ Јунајтед

Манчестер Јунајтед синоќа со голем пресврт ја победи Аталанта на „Олд Трафорд“, иако на полувремето имаше негатива од 2:0.

На овој натпревар уште еднаш се видоа лимитите на Јунајтед, особено во дефанзива, а после мечот легендата Сколс испрати порака до менаџерот Сослкјер.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Сериозни европски тимови ќе го растурат овој Јунајтед. Никој од офанзивните играчи не трка назад, Бруно се труди и се враќа, но не е доволно. Ако Јунајтед вечерва играше против некој од најдобрите европски тимови ќе примеше 4-5 гола“, изјави Сколс.

„Не можеш да кажеш дека си играл добро ако на полувреме губиш 2:0. Замислете да игравме против Ливерпул, нема да се вратиш во мечот никогаш. Јунајтед не смее да прима вакви голови, Аталанта е само пристоен тим, ништо повеќе“, заклучи Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Војна во Барселона: Фонт го прогласи Лапорта за најлош претседател на клубот!

Фудбалскиот гигант Барселона в недела ќе добие претседател, а кандидатите Виктор Фонт и Жо…