Украинскиот фудбалер и играч на Челзи, Михаило Мудрик се нajde во проблем поради неговиот приватен живот. Тој на Инстаграм да се обидел да го добие вниманието атрактивната Руска манекенка, а тоа му направи проблем во неговата земја поради ситуацијата помеѓу овие две земји.,
Мудрик се обидел да ја заведе руската манекенка Виолета Грачева, која на Инстаграм е регистрирана како „Виолета Берт“, а која летово излезе од долгата врска со фудбалерот Матијас Нормал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Виолета Берт е девојка која е позната на Инстаграм, каде има преку 600.000 следбеници, и каде практично на секој чекор ги привлекува машките воздишки поради нејзиниот заносен изглед кој никого не остава рамнодушен.
Токму на такви фотографии Мудрик започнал да остава коментари, а откако сфатил што направил и дека може да си направи проблеми ги избришал коментарите, сепак тие останале доволно долго за фановите да ги забележат и да започнат критиките кон него.