Се уште не се смириле страстите после аферата која ја отвори „Football Leaks“, а сега е на повидок ноб голем скандал во европскиот фудбал.
Во понеделникот во Нион се одржа ждребот за осминафиналето од Лигата на шампиони, а Реал Мадрид за противник го доби Ајакс, па „кралевите“ барем на хартија поминаа добро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа денес новинарот на уругвајски „ЕСПН“, Јорге Рамос изнесе тешки обвиненија и изјави дека целиот ждреб бил наместен и тоа по налог на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Рамос тврди дека од луѓе блиски до Перез добил „инсајдерски информации“ дека претседателот на Реал пет дена пред ждребот почнал да врши притисок на челниците на УЕФА за во осминафиналето да го добие Ајакс.
Сепак, Рамос не можеше со конкретни докази да го поткрепи ова тврдење, па останува да видиме дали надлежните ќе покренат истрага.
¿Amaño en el sorteo de #ChampionsLeague?
Hace algunos días, una fuente cercana del entorno #UEFA nos confirmaba una noticia que hoy es una realidad
Échale un vistazo ??????? pic.twitter.com/mrhx2Gz5yf
— Jorge Ramos y su Banda (@ESPN_JorgeRamos) December 17, 2018