Фудбаската репрезентација на Аргентина го освои третото место на Копа Америка, откако синоќа го победи Чиле со 2:1.
Но, тоа што остави сенка на натпреварот беше црвениот картон што го доби Лео Меси во 37 минута, по инцидентот со Гари Медел кој исто така беше исклучен од игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ваквиот потег на судијата уште повеќе ја зголеми разочараноста на Меси од целата организација на првенството така што дури одби да го прими бронзениот медал.
„Мислам дека најмногу заслуживме по жолт картон со противничкиот фудбалер за едно вообичаено кошкање какви што има многу на еден натпревар. Мислам дека црвениот картон беше порака за мене, своевидна казна за изјавите кои претходно ги имав дадено за судењето и целокупната организација на турнирот“.
„Не го зедов медалот бидејќи не сакам да бидам дел од оваа корупција. Но, не сакам да се потсетувам на тоа, туку на позитивниот начин на кој Аргентина го заврши настапот на Копа Америка“, изјави Меси.
https://youtu.be/RAisFgY23jw