Дома Фудбал Репрезентации СКАНДАЛ на повидок – Пике, Рамос и Бускетс се заканија со напуштање на „фуријата“!

СКАНДАЛ на повидок – Пике, Рамос и Бускетс се заканија со напуштање на „фуријата“!

Голем скандал би можел да ја погоди шпанската фудбалска репрезентација после отказот на директорот на репрезентацијата Марија Хозе Кларамунт.

Таа беше омилена помеѓу репрезентативците, но тоа не и помогна да го избегне отказот кој и беше доделен од претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Хуан Луис Лареа.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Марка“ јавува дека репрезентативците предводени од Рамос, Пике и Бусктетс започнале „бунт“! Тие наводно дури и испратиле закана до сојузот дека нема да играат за репрезентацијата доколку директорката не се врати на својата функција.

Рамос после натпреварот против Италија испрати јасна порака. „Во интерес на сите би било Мариа Хозе Каларамунт да остане со нас!

Шпанските репрезентативци се лути на Лареа, па дури и му забраниле влез во соблекувалната. Наводно тие бараат и нов избор за претседател на Сојузот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …