Англиските медиуми објавуваат скандалозни вести поврзани со Премиер лигата. Двајца 19-годишници, кои се професионални фудбалери во Премиер лигата, се уапсени поради обвинение за силување минатиот викенд, информацијата е потврдена од англискатап олиција.
Не е наведено во која екипа настапуваат фудбалерите, ниту е познат нивниот идентитет, но познато е дека и двајцата играат за истиот тим кој се натпреварува во елитното ниво на англискиот фудбал.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според британски „Телеграф“, еден од играчите бил сослушан на клупскиот стадион, додека другиот е приведен бидејќи е осомничен дека помагал во извршување на кривично дело.
Сексуалниот напад за кој се обвинети фудбалерите се случил во петокот, а жртвата веднаш се јавила во полиција, неколку часа подоцна поднела официјална пријава.
Се наведува дека клубот нема дополнително да коментира и дека работата е во рацете на полицијата.