Дома Фудбал Англија Ситуацијата со Мегваер е сериозна – удрил полицаец

Ситуацијата со Мегваер е сериозна – удрил полицаец

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер синоќа беше приведен од полицијата на грчкиот остров Миконос, а сега се откриваат детали.

Мегваер на островот се забавувал заедно со пријателите и имал жесток расправа со друг Британец па полицијата морала да интервенира.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ројтерс“ пренесува дека ситуацијата е сериозна бидејќи Мегваер физички нападнал еден од полицајците.

Мегваер и други две лица најпрво вербално, а потоа и физички ги нападнале органите за спроведување на редот и мирот.

„Фудбалерот го навредувал, а потоа и физички го нападнал полицискиот службеник“, стои во полицискиот извештај.

Мегваер и двајцата пријатели ќе бидат префрлени во истражниот затвор на островот Сирос, каде против нив ќе биде покренато обвинение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Распад-систем на Јунајтед на гости кај Сити (Видео)

Манчестер Сити извојува убедлив триумф во големото градско дерби, совладувајќи го Манчесте…